Книжарницата на тркала во сабота, 18 мај доаѓа во Прилеп

Оваа сабота, 18 мај, „Зборче“ ќе биде во центарот на градот под Марковите Кули од 10 до 20 часот! Книжарницата на тркала не застанува, доаѓа и во ПРИЛЕП, градот на Марко Крале, Итар Пејо, Цепенков и Конески, градот на тутунот и мермерот.

На настанот доаѓа и авторот Zarko Kujundjiski од 10 часот, авторите Елена Божиноска и Анде Јанков од 12 часот, како авторката Meri Arsova од 14 часот.

Прилепчани, наминете заедно да испишеме нови книжевни приказни и да создадеме нови пријателства! – стои во поканата од АНТОЛОГ – Книжевен центар

Слични Објави