Нов топлотен бран – температури до 40 степени

Од утре нашата земја повторно влегува под влијание на жешка воздушна маса од Африка, поради што температурите значително ќе се зголемат, и на некои места ќе достигнат дури до 40 степени Целзиусови.

Времето ќе биде сончево, многу топло и сушно, а УВ индексот ќе биде многу висок и опасен по здравјето, предупредуваат метеоролозите.

Во следните денови не очекува екстремен топлотен бран, со температури над 35°C речиси насекаде во земјата.

Во сила се сите стандардни препораки за заштита од топлотни удари: Избегнувајте престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, освен ако е неопходно. Консумирајте многу течности, избегнувајте алкохол и газирани пијалаци. Јадете лесна и свежа храна, богата со витамини.

Надлежните апелираат на внимание и грижа особено за децата, возрасните и хронично болните лица.

Слични Објави