Дамјан Давков освои злато на Светската математичка олимпијада, Македонија се враќа со четири медали
Македонските средношколци постигнаа еден од најголемите успеси во историјата на настапите на Интернационалната математичка олимпијада (ИМО). На 67. Светска математичка олимпијада, која се одржа од 10 до 21 јули во Шангај, Кина, Дамјан Давков освои златен медал и уште еднаш го потврди својот статус на еден од најдобрите млади математичари во светот.
Со овој резултат Давков донесе голема чест за Македонија, но и за својот роден Штип, претставувајќи ја државата на најпрестижното светско математичко натпреварување.
Успехот на македонскиот тим не застана тука. Бронзени медали освоија Ивано Божиновски, Леонид Тодороски и Андреј Тасиќ, со што Македонија го заврши натпреварувањето со вкупно четири медали.
Филип Калкашлиев беше награден со пофалница за својот настап, додека Марко Митевски достојно ја претставуваше Македонија во силна конкуренција од најдобрите млади математичари од целиот свет.
Резултатот на македонската репрезентација претставува доказ за квалитетот, посветеноста и континуираната работа на учениците, нивните ментори и професори.
„Ова не е само победа на Дамјан – ова е победа на знаењето, упорноста и македонскиот талент“, се наведува во честитките упатени до македонските олимпијци.
Честитки до сите членови на тимот, нивните ментори и семејства за извонредниот успех и достојното претставување на Македонија на светската математичка сцена.


