ЛАГ АГРО ЛИДЕР со жените од Западен Балкан
ЛАГ АГРО ЛИДЕР дел од регионалното партнерство на проектот EWI – Економска инклузија и социјална правда за жените од Западен Балкан
Од 16 до 20 јуни 2025г. во Сараево, Босна и Херцеговина, претставници на ЛАГ АГРО ЛИДЕР заедно со претставници на организации од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија зедоа учество на обука во рамки на проектот EWI – Економска инклузија и социјална правда за жените од Западен Балкан.
Обуката опфати различни теми како акциски планови и буџетирање, Зајакнување преку родово сензитивни пристапи, застапување и лобирање, и сл. во чии рамки се разменуваа предизвици и искуства и се креираа идеи за идни заеднички регионални иницијативи
Оваа обука е почеток на регионално партнерство од кое дел е ЛАГ АГРО ЛИДЕР, насочено кон поддршка на жените од Западен Балкан за нивно економско зајакнување преку вработување и претприемништво.
Во наредниот период во Прилеп и Регионот ќе се одржат работилници и обуки за зајакнување на вештините кај жените и заедничко застапување за подобрување на пристапот до права, ресурси и можности, а воедно ќе се отвори грантова програма за финансиска поддршка на жени сегашни или идни претприемачки.
Проектот EWI – Економска инклузија и социјална правда за жените од Западен Балкан се реализира со финансиска поддршка на Австриската Развојна Агенција а го спроведува Care Balkans во партнерство со организации од Регионот.