|

СПРЕЧЕНА ТРАГЕДИЈА ВО КУМАНОВО

Денеска (21.10.2025) околу 10:40 часот, кумановската полиција спречи трагедија и спаси 34-годишно лице кое се обидело да изврши самоубиство.



По добиена пријава дека лице се подготвува да скокне од таканаречениот „Искрин мост“, полициските службеници од СВР Куманово веднаш излегле на терен, заедно со екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово.

Со брза реакција и внимателен пристап, службениците успеале да го убедат лицето да се откаже од намерата и да се симне од мостот. По интервенцијата, лицето било пренесено во Општата болница Куманово, каде му е укажана лекарска помош.

.

Слични Објави