Настан во чест на децата и учителите: „Со мали чекори – кон големи соништа“ во Прилеп
Секоја година, првата седмица од октомври е посветена на најмладите – Светската недела на детето. Оваа недела е време кога вниманието се насочува кон правата на децата, нивната среќа, развој и иднина. Тие се нашето најголемо богатство и гордост, а обврска на возрасните е да ги научат на вистинските животни вредности и да им помогнат да ги остварат своите соништа.
Во рамките на Детската недела, особено место има и 5 октомври – Меѓународниот ден на учителот, ден посветен на сите воспитувачи, наставници и професори кои со својата посветеност и љубов ја обликуваат иднината на младите генерации.
Во чест на овој ден и во име на учениците и нивните учители, Општина Прилеп организира свечен настан под слоганот „Со мали чекори – кон големи соништа“.
На настанот, најмладите – правачињата, ќе бидат симболично примени во Детската организација преку свечено ветување, водени од своите наставници.



