Хуманитарен Новогодишен базар во ООУ Климент Охридски – Прилеп
На 24 декември 2024 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, во просториите на ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп ќе се одржи традиционалниот Новогодишен базар. Настанот има за цел да ја поттикне креативноста кај учениците и да ги исполни детските срца со радост.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во уникатни рачни изработки, создадени со голема љубов и посветеност од учениците, а собраните средства од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп упатува покана до сите родители, пријатели и сограѓани да го посетат базарот и да бидат дел од овој хуманитарен и празничен настан.
„Повелете, ве очекуваме со радост,“ порачуваат од училиштето.