Здружението на инженери на Македонија поднесе претставка за одлуката за концесија за хидроцентралата Чебрен
Алелуја!
За Чебрен се муабети над 20 години, но сега поднесоа таква претставка. Не кога се изготвуваа проектите во турнусот Чебрен, не кога се направи целокупниот проект, не кога имало јавни расправи. Сега, кога треба да продадеме уште една ставка од нашиот суверенитет (концесија), ако тоа така треба да го сфатиме, ние се освестуваме: Леле Боже, нè изненади снегот во Јануари. Ами, ако имало проект, а имало, ако 20 години се удира со тоа Чебренот на големи ѕвона и тоа само пред избори – како што беше, зар не е ред да дојдеме и до концесија?
Исто како партиите. Нема да говориме на седница на совет, туку ќе џавкаме после тоа. Нема да реагираме на носењето на некој закон во неговата подготовка, туку ќе чекаме предлогот да дојде пред гласање во собрание, па да ги почнеме пресовите за „спас на Македонија“.
Но, тоа сме ние и спас нема од нас самите.
Сепак, подобро некогаш отколку никогаш, ако не се работи за партиско добивање поени или спин за некој друг да нема поени. Па пред избори сме, нели?
Ние не сме доволно информирани, ниту стручни за да процениме, па да го замолиме Здружението на инженери на Македонија за малку повеќе аргументи во јавноста, за да можеме да увидиме за што се работи.