Вечер со родољубива поезија и музички перформанс во Прилеп
Во вторник, на 7 октомври 2025 година, со почеток во 17:30 часот, во Градската библиотека „Борка Талески“ – Прилеп ќе се одржи поетска вечер насловена „Низ стихови за татковината“. Настанот е дел од активностите посветени на одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание.
Родољубива поезија, ќе читаат актерите Даниела Иваноска и Александар Тодески, додека историски осврт за значењето на 11 Октомври ќе даде историчарот Горјан Василески.
Настанот ќе биде збогатен со музички перформанс на Добрилка Грашеска, а модератор на вечерта ќе биде Моника Талеска.
Со ваквите културни содржини, библиотеката „Борка Талески“ ја продолжува својата мисија – да биде простор каде што се негува љубовта кон книгата, уметноста и татковината.



