НАЈЧЕВСКА: ДЕТСКИ БОЛЕСТИ НА СОВЕТИТЕ ЗА РЕФОРМИ, А НИКАДЕ ПЕНИЦИЛИН
„Реформите сè уште тапкаат во место, без видлив и препознатлив исчекор во насока на прекин со практиките на претходната власт и воспоставување нови практики, кои ги решаваат воочените проблеми; напротив, дури и се ревитализираа одредени негативни практики измислени или возвишени до највисоко ниво од претходната власт;
Промените се површински и козметички, и завршуваат на ниво на донесување закони без реална промена во практиката и без видлива или само минимална разлика за граѓаните;
Донесувањето на подзаконската норматива, стратегиите и акционите планови, се претставува како имплементација и како замена за вистински мерила со кои опипливо или видливо ќе се измери напредокот во конкретната област; следствено и нема јасна линија на одговорност за недостатоците во сработеното односно несработеното“ – заклучува Најчевска.
Изјавата на Најчевска е дел од панелот: Реформски бенч-мракови: Дали имаме реформи и зошто не?, кој е активност во склоп на проектот на АГТИС, „Детски болести на демократијата“, поддржан и финансиран од НЕД.
Погледнете повеќе на видеото.