|

„МАЧОРОТ ТАНЕ“ ПРОМОВИРАН ПРЕД ПРИЛЕПСКИТЕ ЧИТАТЕЛИ (ВИДЕО)

Изминатиот викенд во преполниното Арт Кафе – Апореа, се одржа промоцијата на книгата за деца „Мачорот Тане“ на младата писателка Лина Димоска.

Промотор на книгата беше Звонко Димоски, а илустрациите се дело на Калиопи Трпчева.

Мачорот Тане визуелно е малку смотано претставен, но тоа е само замка. Тој воопшто не е така наивен – Вели Звонко Димоски. Илустраторката Калиопи раскажа како дошла до идеја да го наслика. Воопшто не си го замислувала, а Тане и се јавил на Вибер и го видела.

Авторката Лина Димоска процесот на пишување книга за деца, го опишува како многу одговорен во кој се родиле промислeни раскази кои испраќаат пораки до сите генерации.

Слични Објави