| |

Прашања и одговори со Кaтерина Чукалевска и Елена Спасеска

Вистина е: Планирањето на буџетот е деликатна и стручна работа, а уште поголема вистина е дека општината мора да ги обучува своите граѓани за мониторинг и на буџетското планирање, но и на „буџетскиот отчет“.

Заследете нѐ на Facebook и први дознавајте за новостите.


Ако прашаме заради што тоа ѝ треба на една општина, одговорот е (повторно) поврзан со општините, а не (како што повеќето граѓани мислат) заради „задоволување на странците“ во своите барања. Имено, добрите идеи за развој на општината ретко кога доаѓаат од самите општинари. Тие идеи најчесто доаѓаат од граѓани, кои имаат чувство што е тренд, бизнис, развој. Ете тоа им треба на општините, па мошне паметна работа се „буџетските форуми“, кои Општина Новаци редовно ги организира. Тоа го јакне капацитетот на граѓаните, но ѝ помага и на општината за полесна имплементација на проектите. Имено, често пати граѓаните буџетското планирање го разбираат како „желботека“, не водејќи сметка дека одредени надлежности не ѝ припаѓаат на општината и дека општинскиот буџет е ограничен и не може да ги задоволи многубројните желби. Токму тие разговори околу буџетот им помагаат на граѓаните да ги сведат своите желби и потреби и во рамките на можностите, но и по приоритетност.

Важен е и форматот на податоците, кои општината треба да ги пласира јавно, за граѓаните да знаат детали за предложените проекти, па овие форуми токму тоа го потенцираат: Да разговараме структуирано, односно во рамки на форматот. Општината има тешка задача да ги препознае проектите – кои нејзе ѝ одговараат, но тука не започнува приказната со јавното учество. Општината, најпрво ги унапредува „отворените податоци“, да ги преточи во посакуваниот формат (да можат слободно да се користат), за потоа да „жнее“ од „посеаното“. Тој процес се нарекува „отворени податоци“, „отчетност“, „транспарентност“, „вклученост и правичност“ и за многу општини, тоа се празни зборови, на кои се „странците“ навикнати. Затоа и не не чуди што е Општина Новаци во првите триесетина општини во Македонија, спрема „Индексот на отчетност и транспарентност“, затоа што направиле тие „странски“ проекти да ѝ служат на општината и да се претворат во „наши“. Можеби е до знаењето од земјоделието: „Ако не посееш – нема да жнееш“. Тие посеале и сега ги имаат граѓаните на своја страна, нивната поддршка, идеи, разбирање, посветеност. Можеби не одма, но тој капацитет на Општина Новаци, ќе биде главниот капитал на општината и тоа за кратко време.

Слични Објави