|

ЛАГ АГРО ЛИДЕР дел од партнерскиот конзорциум на платформата Green Up Learning – (е-курс за зелено претприемништво) 

Претставници на ЛАГ АГРО ЛИДЕР од 10ти до 13ти јуни 2024 учествуваа на Активност за учење, обука и настава во просториите на едукативнот хаб на КАРДЕТ во Никозија, Кипар заедно со партнерските организации од Шпанија, Италија, Словенија, Грција и Кипар во рамките на проектот Green Up Yourself. 

Во текот на заедничката работа се  финализираше платформата Green Up Learning со можностите што ги нуди како бесплатен ресурс за едукаторите, обучувачите и младите да може да го искористат уникатниот потенцијал на руралните области кон промовирање зелени вештини и претприемништво.

Во наредниот период младиските работници, едукаторите и младите ќе може да пристапат до е-курс, материјали за обука за зелено претприемништво  со сеопфатни модули за различни аспекти на зелениот бизнис и дигиталните компетенции, а дополнително е обезбедена и менторска поддршка за идни млади препримачи во светот на зелената економија.

За повеќе информации за оваа иницијатива насочена кон поттикнување на еколошка одржливост и зелено претприемништво кај младите во руралните области, посетете ја официјалната веб-страница Green Up Yourself.  Проектот е поддржан од Еразмус+ програмата.

Слични Објави