Моќта на музиката од „Тајфата“ ги допре срцата на децата од ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп
Во вистински дух на празничната сезона, членовите на „Тајфата“ ја покажаа моќта на музиката како универзален јазик што допира до сите. Со својата посета на учениците со посебни образовни потреби во ООУ “Климент Охридски” – Прилеп, тие донесоа радост, љубов и надеж. Моментите беа исполнети со емоции кога „Тајфата“ изведе песна посветена на децата, придружена со топлина и искрени насмевки.
„Тајфата”, вашата музика и вашето срце ги допреа најдлабоките места во душите на децата со посебни образовни потреби. Денес покажавте што значи вистинската сила на музиката – не само да создава задоволство, туку и да носи радост и љубов во светот на оние кои најмногу ја сакаат. Вашето изненадување, песната која ја испеавте за нив и колетчињата за нова година, се повеќе од дар
Тоа е доказ за вашата емпатија и посветеност на помагањето. Благодариме што ни покажавте дека вистинската моќ е во споделувањето на радоста и љубовта. Секој акорд, секој стих е сега вечен спомен во нивните срца. Ви благодариме за вашата добрина и инспирација!“ напишаа од ООУ “Климент Охридски” – Прилеп на ФБ профилот
Оваа несебична акција покажа дека музиката има способност да допре до најдлабоките делови на душата и да ги обедини луѓето. Секој акорд и секој стих ќе останат како вечен спомен во срцата на децата.