ВЛЕЗНИ СТУДИИ ЗА ГУП – БАИР
Граѓаните и стручната јавност, од Битола можат да дадат свои забелешки и коментар по однос на студиите, со цел коментарите да бидат вградени во конечната верзија на студии. Рокот за доставување на коментарите е 16 февруари (петок), а може да се достават на следниот маил: info.northmacedonia@cosv.org
Станува збор за драфт верзии на студиите, презентирани на 16 и 17 јануари во Офицерски дом – Битола, во соработка и организација на ПРОИНГ ДООЕЛ Битола и Архитектонски Факултет – Скопје, во рамките на проектот „БАИР- здружена акција на Битола за вклучување на Ромите“ финансиран од Европска Унија и имплементиран од италијанската невладина организација-COSV, Општина Битола и ПРЕДА плус Фондација.
Драфт верзиите на студиите се објавени на веб страницата на општина Битола, на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/proekt-bair/
Проект БАИР – влезни студии
КНИГА V.3 – Студија за одржливо урбанистичко планирање – дополнета
КНИГА V.6 – Студија за домување
КНИГА V.7 – Студија за систематизирање и организација на градскитe центри и јавниот простор
КНИГА V.8 – Студија за градски функции
КНИГА V.18-Студија за Стопанство – дополнета
КНИГА V.19 – Студија за одржлив економски развој – дополнета
КНИГА V.21 – Заштитно-конзерваторски основи
КНИГА V.31 – Сеизмолошка студија со ПРИЛОЗИ 23.11.23
Урбанистичкото планирање е процес на креирање решенија кои имаат за цел да ја
подобрат или преобликуваат постоечката урбана област, како и да создадат нови во даден регион, урбанистичкото планирање се занимава со процесите на создавање, структурирање и обликување на урбаниот простор. Главна цел е да укаже кои мерки треба да се преземат за да се подобри квалитетот на животот на жителите, вклучително и прашања како што се обезбедување основни услуги и сервиси, пристапност и транспортот, безбедност и можности за интеракцијата со природната средина. Продукт на урбанистичкото планирање се урбанистичките планови, како документи според кои се развиваат или градат населените места и градовите.