Прилеп го прослави 1 Јуни – ден посветен на децата и нивната иднина
ДЕНЕСКА Е МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ДЕТЕТО – 1 ЈУНИ
Меѓународниот ден на детето се одбележува секоја година на 1 јуни во различни делови на светот како иницијатива за детската благосостојба и права.
Меѓународниот ден на детето – 1 Јуни, денес беше одбележан со пригодна свеченост на Могилата на непобедените во Прилеп, каде учениците и наставниот кадар од ООУ „Рампо Левката“ приредија настан исполнет со детска радост, насмевки и позитивна енергија.
Преку песна, игра и креативни настапи, децата испратија силна порака за другарство, заедништво и меѓусебно почитување. Настанот привлече голем број родители, наставници и граѓани, кои со аплаузи и поддршка ја поздравија нивната изведба.
Одбележувањето на Денот на детето уште еднаш потсети дека децата се највредниот дел од секое општество и дека нивниот правилен раст и развој треба да бидат приоритет на сите институции и заедницата во целина.
Меѓународниот ден на детето се одбележува ширум светот со цел да се истакне важноста на детските права, еднаквите можности за образование и создавањето услови за безгрижно и среќно детство за секое дете.


