|

Кршење гранки и кастрење на липите кои се на јавна површина во градот е казниво по закон

Локалната Самоуправа на Општина Прилеп апелира до сите граѓани да не вршат сечење, кршење на гранки и кастрење на липите кои се на јавна површина и врз кои се врши нестручна берба на липовиот цвет .

Уништувањето на јавното зеленило во градот е казниво по закон.

За заштита на липите, во овој временски период, надлежниот Инспекторат при Општина Прилеп заедно со Полицијата ќе бидат на терен и ќе ги санкционираат сите оние кои ќе бидат затекнати на лице место.

Стои во соопштението од Општина Прилеп.

Слични Објави