(видео) Борче Бучински, претставник на Пелагониско поле – Битола
Во видео-обраќање, Борче Бучински, претставник на здружението „Пелагониско Поле“ од Битола, изрази сериозна загриженост за квалитетот на млечните производи на пазарот и состојбата во млекопроизводството.
Тој потсети дека уште пред неколку месеци земјоделските здруженија предупредувале дека дел од млечните производи содржат минимални количини млеко и голем удел на замени, но нивните укажувања не биле сфатени сериозно. Според Бучински, последните наоди само ги потврдуваат сомнежите што земјоделците одамна ги изнесувале во јавноста.
Во своето обраќање, тој упати критики до надлежните институции поради, како што оцени, ненавремена реакција и недоволна заштита на потрошувачите и домашните производители на млеко. Бучински побара поголема контрола на производите што се пласираат на пазарот, мерки за стабилизација на млекопроизводството и одговорност од надлежните за актуелната состојба.



