Јавниот интерес и граѓанските итни потреби не се иста работа
Веќе на сите им е јасно дека комплексните проблеми не настанале наеднаш и не се решаваат наеднаш. Друго што е јасно е дека сето ова бара систем на решавање на проблемите, каде довербата и нејзиното градење мора да бидат во центарот на акцијата.
Доверба – да!
Јавниот интерес и граѓанските итни потреби не се иста работа, Нели?
Странците велат дека недостасува знаење а и – ако го имаме, тоа знаење не е таму – каде што треба да биде.
Експертите треба да бидат на јавните дебати или уште повеќе, тие да ги повикукваат граѓаните на дебата. Но, наспроти тоа, и тие кои знаат, ги напуштаат работните места или се повлекуваат и молчат, затоа што знаат дека „и да чини и да не чини“, она што е создадено и направено, ќе биде некритички или партиски критикувано. Затоа, знаењето и тие кои знаат треба да ги водат тие кои „имаат волја“ за дебата.
Во видеото погледнете го говорот од Александар Тодоровски од МКЦ Битола околку проблемите кои беа кажани на работилницата „Будење на заспаниот џин„ и како и кои мерки да се превземат од страна на сите учесници и засегнати за да се решат истите.