|

АВТО СЛАЛОМ ТРКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП

Утре, Недела 20 Октомври на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп, ќе се одржи авто слалом трка. Ова натпреварување ќе се одржи по 4 пат и до сега има пријавено над 30 возачи.

Официјални правила:

  • Основни и задолжитени правила за сите возачи:
  • 1. Технички исправно возило:
  • – волан (систем за управување)
  • – кочници (ножна кочница)
  • – сигурносен појас
  • – прицврстен акумулатор
  • – функционално и правилно прицврстено возачко седиште
  • 2. За возачите:
  • – заштитна кацига
  • – облека по долги ракави(тркачки комбилизон, тренерки, јакна, блуза со долг ракав) ваш избор
  • 3. За време на возењето задолжително затворени прозорци
  • КАЗНЕНИ ПОЕНИ (ПЕНАЛИ):
  • – Турнат чун 2 сек.
  • – Промаршена врата/капија 5 сек.
  • ГЛАВНО ИНФО ЗА СИТЕ ВОЗАЧИ:
  • – Секој возач ќе биде задолжително Алкотестиран од страна на службено лице ако на алкотестот се докажи резултат поголем од 0,5 промили возачот ќе биде дисквалификуван и нема да има дозвоча да вози
  • ПС. не следат никакви парични казни доколку некој од возачите е во алкохолизирана состојба
  • За пријава за возење: 076/403-057 тел или вибер

Слични Објави