Преспански Јаболкобер од 26 до 30 септември 2023 година – во Општина Ресен
Секоја општина во Пелагонискиот регион има посебни убавини и е препознатлива по своите реткости, а кога зборуваме за општина Ресен секако на светските мапи и на светските сајтови ќе ја пронајдете и со познатото ПРЕСПАНСКО ЈАБОЛКО.
Општина Ресен ве поканува на Преспански Јаболкобер, од 26 до 30 септември 2023 година.
Во прилог е програмата.
Главна стопанска гранка во Општина Ресен е овоштарсвото, особено производството на јаболка. Преспанското јаболко е главниот производ во регионот и има различни специјалитети направени од ова овошје, па десертите од јаболка се нешто по што ќе го паметите регионот, вкусете ги на овогодинешниот настан.