Осветување на водите и спуштање на крстот – Богојавление во Крушево
Христијанскиот празник Богојавление – Водици оваа година ќе се одбележи на 19 јануари (недела) и во Општина Крушево. Настанот во Крушево е закажан за 11 часот на Крушевското Езеро, каде што е организирано спуштањето на Светиот крст и осветување на водите.
Општинската делегација традиционално ќе додели пригодни подароци на најсреќните учесници кои ќе учествуваат во фаќањето на крстот.