Прашања и одговори со Маргарита Груевска претседател на совет на општина Могила, младите и активно вклучување во локалната младинска политика
Како советник, во која област најмногу допринесувате?
„Пред се, во развој на образованието и подигање на свеста на младите за активно вклучување во локалната младинска политика. Во таа насока советот заедно со градоначалникот одделуваат средства од буџетот за голем број настани од областа на спорт, култура и образование.Како советник, во која област најмногу допринесувате?
Имаме успешна соработка со многу невладини организации, со подршка од нивни проекти беа спроведени обуки за младите од нашата општина за предприемништво и бизнис, исто така со дел од невладините организации младите од општината имаа можност активно да се вклучат и да ги искажат своите потреби од каде и произлезе идеата да се изгради и фитнес зона во село Могила, соработката продожува и на младите повторно му се дава можност за активно учество… Државата останува на младите… како совет и општина правиме напори и услови се со цел да ги задржиме младите во нашата општина.
Ќе ја цитирам една од најубавите изјави од Мандела „Образованието е најмоќното оружје кое може да го употребите за да го промените светот“ па затоа да ги мотивираме младите да бидат креативни и со истражувачки дух“…
За останатите прашања и одговори во видеото со Маргарита Груевска претседател на совет на општина Могила.