Идеите и проектите се драгоценост – Втората форумска сесија за одредување приоритети
Четврток 07.12.2023 година, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа ја одржа втората форумска сесија од серијата на консултативни регионални форуми.
На првата форумска сесија беа детектирани и разработени повеќе регионални проблеми од чии предлог решенија се изработија предлог концепти.
На денешниот втор форум, учесниците од сите општини од Пелагонискиот Плански Регион и овој пат имаа успешна сесија а целта на истата беше заеднички со партиципативен пристап да се приоретизираат предложените проекти.
Од изработените предлог проекти форумот на втората форумска сесија ги приоритизираше најрелевантни предлог концепти од кои понатаму ќе се развиваат регионални предлог проекти кои понатаму би биле потенцијално аплицирани за реализација од проектниот фонд на Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа за 2024 година.
Процесот е поддржан од Министерство за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.
ФОТО – ЦРППР