„Комуналец“ ги исчисти прилепските гробишта, одржувањето на гробните места е обврска на имателите
ЈКП „Комуналец“ – Прилеп информира дека е извршено целосно косење и чистење на Новите и Старите градски гробишта, како и на паркинзите и ободните канали околу нив.
Од „Комуналец“ посочуваат дека за потребите на граѓаните се поставени контејнери за одлагање отпад надвор од Старите градски гробишта, каде претходно било исчистено плато затрупано со отпад оставен од несовесни граѓани. Во Новите градски гробишта, пак, апелираат да се користат постојните контејнери и корпи за отпадоци.
Од претпријатието додаваат дека „ЈКП,, Комуналец”- Прилеп, одржува зелени површини, асфалтирани патеки во гробиштата, пристапни патеки, јавни површини и паркинзи. Гробното место и споменичното обележје е обврска на имателите на гробни места.“



