|

Заокружување на кампањата 16 дена активизам против родово-базирано насилство во центарот на Прилеп

Како заокружување на кампањата 16 дена активизам против родово-базирано насилство, денес во центарот на Прилеп тимот на Станица Пет подели промотивни материјали и разговарараше со граѓаните за важноста од препознавање, превенирање и санкционирање на оваа застрашувачки честа форма на насилство.

Ова активност Станица Пет ја реализира со поддршка од Општина Прилеп. Општина Прилеп се вклучува и ја поддржува кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство со цел да се подигне свеста кај жените и девојките кои се соочуваат со ваков тип на проблеми, да препознаат и да знаат каде да се обратат и каква помош да побараат.

„Сите жртви на родово-базирано насилство не изгледаат исто! Некои се скромни, тивки и повлечени, некои се сиромашни и необразовани, некои се добро ситуирани, образовани, имаат успешни кариери, можат да бидат гласни и активни.

Она што е заедничко е дека на секоја и треба помош. Помош, која можеби таа сама нема да се охрабри да ја побара.

Затоа, активистите за родова правда кои работат на терен се многу важни во препознавањето, идентификувањето и обезбедувањето на прва помош на жртвите, првиот чекор кој може да ги извлече од кругот на насилството.“ Порачуваат од Станица Пет/

16 дена активизам – поттик за жртвите да пријават родово базирано насилство

16 дена активизам против родово базирано насилство е меѓународна кампања која започнува на 25 ноември (Меѓународниот ден за елиминација на насилствата врз жените) и трае до 10 декември (Денот на човековите права). Оваа кампања е започната од генералниот секретар на ОН во 2008 година со цел да се стави крај на насилството врз жените. 

Секоја година, оваа кампања има специфична тема. Темата на годинешната кампања UNITE е „ОБЕДИНЕТЕ СЕ! Вложете напори за да го спречите насилството против жените и девојчињата“ затоа што секој труд вложен во спречувањето насилство против жените е чекор напред кон побезбеден, поеднаков и просперитетен свет.

Кампањата е поддржана преку 5 милиони акции во партнерство со над 900 граѓански организации на глобално нива. Европската унија, како и 63 земји се приклучија на иницијативата, објавувајќи конкретни мерки за справување и спречување на насилството врз жените и девојчињата. Мерките се однесуваат на донесување или подобрување на закони, ратификување меѓународни конвенции, започнување кампањи за подигање на јавната свест, обезбедување на центри за згрижување или бесплатни телефонски линии и бесплатна правна помош за жртвите на родово и семејно насилство, и поддршка на образовни програми за родовите стереотипи и насилство. Секако, дел од оваа кампања се и организации од Р. С. Македонија кои се борат родово базирано насилство да биде тема на којашто сериозно и ефективно ќе се работи во понатамошните години. 

Слични Објави