По 27.000 денари за секој ученик од општина Крушево

Денес, на 53та седница на Советот на општина Крушево е донесена одлука по претходна иницијатива од градоначалникот Томе Христоски за доделување од 3000 денари месечна субвенција или вкупно 27.000 денари за цела учебна година на секој ученик од општина Крушево кој ќе се запише во прва година во СОУ Наум Наумовски – Борче, Крушево во учебната 2025-2026 година.

„Нашата цел е да ги поддржиме учениците, да им обезбедиме еднаков пристап до образованието и да ги мотивираме да продолжат со образование тука во својата општина. Вложуваме во квалитетно образование, во нашата младина и во нашата иднина!“ истакна градоначалникот на Крушево Томе Христоски.

Слични Објави