Хуманитарна акција во Прилеп – Донирајте вода за жителите на Гостивар

На Камената бина на плоштадот „Александрија“ во Прилеп е отворен пункт за донација на флаширана вода за пиење, наменета за жителите на Гостивар, кои се соочуваат со последиците од неисправната вода за пиење.

Се упатува повик до сите граѓани, институции и компании, согласно своите можности, да се приклучат на хуманитарната акција и да донираат флаширана вода во текот на 21 и 22 јули.

Секое донирано шише вода претставува значајна помош и директна поддршка за семејствата од Гостивар кои во моментов се соочуваат со оваа состојба.

Хуманоста и солидарноста отсекогаш биле препознатлив белег на прилепчани. Ова е уште една можност заеднички да се помогне таму каде што помошта е најпотребна и да се покаже дека во тешки моменти заедништвото прави разлика.

Слични Објави