Училиште во с.Саждево со нов лик
Општина Крушево во соработка со здружението ,,Hasene Mk” од Р.Турција ја завршија реконструкцијата на подрачното училиште во с.Саждево. Со овој градежен зафат, училиштето доби нов лик и квалитетни услови за изведување на воспитно – образовниот процес.
Во населеното место Саждево се изврши комплетна реконструкција на подрачното училиште. Со овој градежен зафат, училиштето доби нов лик и квалитетни услови за изведување на воспитно – образовниот процес.
Образованието на децата е и ќе биде меѓу нашите приоритети, посебно во делот на подобрувањето на просторните и материјално – техничките услови во училиштата.
Со реконструкцијата опфатен е кровот, се поставија нови плочки и останата санитарија во тоалетите, бојадисување на внатрешните ѕидови, како и бојадисување на надворешната ограда, уредување на дворот, промена на старата и дотраена дограма.
„Нашата задача и обврска се децата и тие го заслужуваат најдоброто, заедно со нивните наставници. Вложуваме со рамномерен развој и јакнење на инфраструктурата на општинско ниво. Децата се иднината на нашето Крушево, а нивното образование наш приоритет.“ изјави грдоначалникот Томе Христоски