| | |

Tрета форумска сесија – Форуми во заедницатa

Aктивното учество на граѓаните е од особено значење и придонесува за успешна реализација на форумскиот процес.

Општина Прилеп во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети–фаза 2 ја спроведува програмата „Форуми во заедницата“. Во рамките на предвидените форумски сесии се дискутира за проблеми кои ја засегаат општината и се нудат решенија од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти. Од овие концепти за предлог идеи учесниците на форумот ќе ја изберат најприоритетната, што ќе се аплицира до проектниот фонд.

На последната сесија ќе се даде информација за реализација на избраниот проект и препораки. На денешната трета форумска сесија ќе се презентираат трите проекти кои се останати во најтесен круг: „ Изградба на Инклузивно детско игралиште“, „Обезбедување на лифтови/дигалки за лица со ограничено движење во Средното училиште СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ и СОУ „Ристе Ристески – Ричко во Прилеп““ како и „Уредување на двор и воведување на спортски реквизити и содржини во градинки“ На истата учесниците ќе имаат можност да дискутираат за предлог проектите за приоритетните проблеми кои беа разгледани на претходните форумски сесии, а се поврзани со избраната област.

Слични Објави