Театарска комедија пристигнува во Кривогаштани – „Бегај, еве ја жена ти!“
Љубителите на театарската уметност во Кривогаштани ќе имаат можност да уживаат во уште една прекрасна културна вечер. Во соработка со Драмското студио при Домот на култура „Илинден“ од Демир Хисар, ќе биде изведена популарната урнебесна комедија „Бегај, еве ја жена ти!“ од познатиот британски драматург Реј Куни.
Претставата е во режија на Благој Николов, а публиката ја очекува динамична и забавна приказна исполнета со хумор, недоразбирања и комични ситуации.
Театарската претстава ќе се одржи на 13 јули 2026 година (понеделник), со почеток во 20:00 часот, во Мултифункционалната сала при Општина Кривогаштани.


