Меѓународна соработка за локален развој – Општина Градско, ЛАГ АГРО ЛИДЕР и CSI Comitato di Bari започнуваат ново партнерство
Посета на претставници на CSI Comitato di Bari и воспоставување на соработка помеѓу градот Бари и општина Градско
Општина Градско и ЛАГ АГРО ЛИДЕР во перидоот од 12ти-14ти јули 2026 година беа домаќини на делегација од Република Италија, предводена од претставници на CSI Comitato di Bari, при што беше направен значаен чекор кон унапредување на меѓународната соработка.
Во свечена атмосфера беше потпишан Меморандум за соработка меѓу градот Бари, Италија, и Општина Градско. Со овој документ се поставуваат основите за развој на заеднички иницијативи и партнерства во повеќе области, меѓу кои локалниот развој, културата, образованието, туризмот и економијата.
Потпишувањето на меморандумот претставува потврда на заедничката заложба за градење цврсти меѓународни партнерства, размена на знаења и добри практики, како и реализација на проекти што ќе придонесат за одржлив развој и подобар квалитет на живот за граѓаните на двете заедници.
Од Општина Градско и ЛАГ АГРО ЛИДЕР истакнуваат дека воспоставената соработка помеѓу општините, како и помеѓу граѓанските организации – ЛАГ АГРО ЛИДЕР и CSI Comitato di Bari отвора нови можности за заеднички европски проекти, институционално поврзување и унапредување на локалните капацитети, со цел создавање долгорочни придобивки за регионот.








