ЧИСТО Е УБАВО! – граѓаните активно се вклучуваат во селекцијата на отпад

Продолжува процесот на вклучување на домаќинствата во селекција на отпад

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги известува граѓаните дека процесот на вклучување на домаќинствата во системот за селекција на комунален отпад се одвива успешно и според очекуваната динамика.

За само осум дена од започнувањето на повикот, во системот се вклучиле 286 домаќинства, на кои им се доделени две бесплатни канти за селекција на отпад, односно вкупно се распределени 576 канти.

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, продолжува со активностите за воспоставување современ и ефикасен систем за селекција на комуналниот отпад и др. видови отпад. За 8 дена од почетокот на повикот се вклучиле 286 домаќинства, со доделување на две канти, или вкупно се распределени 576 канти. Граѓаните кои не се вклучени во процесот и досега немаат земено канти од јавното претпријатие, со себе треба да понесат лична карта од носителот на сметката и една сметка. По потпишување на договорот, граѓанинот си зема две канти и започнува со селекција на отпад. Жолтата и зелената канта во дворот се поставуват до, или во близина на влезната порта, една до друга.

Ве повикуваме активно да се вклучите во процесот на селекција и да придонесете за почиста животна средина, подобро управување со отпадот и повисока еколошка свест во нашата општина.

Секое домаќинство кое ќе се приклучи во системот ќе добие две бесплатни канти:

• Жолта канта – за сув отпад.

• Зелена канта – за влажен (мешан) отпад.

Правила за селекција

Жолта канта – сув отпад

Во жолтата канта се одлага:

• пластична амбалажа (сите видови ПЕТ шишиња, садови, капачиња);

• хартија и картон од пакување ( НЕ ТЕТРАПАК);

• метална амбалажа (лименки и боци);

• најлон и најлонска амбалажа ( НЕ и кеси за пазарење);

• чиста пластична амбалажа од хемиски пакувања, пакувања од кечап и други материјали што можат да се рециклираат.

Пред одлагање, амбалажата треба да биде испразнета, а по можност и исплакната и сплескана за да зафаќа помалку простор.

Ве замолуваме поголема количина пластичен отпад( маси, столици, пластични гајби, туби, пластични буриња и др. можете да ги однесете во откупните пунктови за отпад низ градов со надокнада, или да ги оставите до жолтата канта. Со Вашата правилна постапка ќе ја заштите својата средина на живеење.

Зелена канта – влажен отпад

Во зелената канта се одлага:

• остатоци од храна;

• лушпи од овошје и зеленчук;

• талог од кафе и кесички од чај;

• валкана хартија што не може да се рециклира;

• тоалетна хартија и марамчиња;

• памперс пелени;

• друг мешан комунален отпад што не е наменет за рециклирање.

Во кантите не треба да се одлага градежен шут, отпаден текстил и облека, стаклена амбалажа, опасен отпад, електронска опрема, батерии, и други посебни категории отпад. За стаклената амбалажа поставени се 48 Иглу контејнери низ градов. За електричен и електронски отпад користете го собирното место на ул,, Трајко Николоски ’’бб ,пред Стопанаскиот двор на ,, Комуналец’’, каде се поставени монтажни куќарки и витрини за електричен и електронски отпад, и контејнери за сите видови текстилни производи( облека, постелнина, перници и др).

Со правилна селекција се намалува количината на отпад што завршува на депонија, се зголемува можноста за рециклирање и повторна употреба на вредните материјали, а истовремено се придонесува за зачувување на природните ресурси и почиста животна средина.

Од 2008 година, ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, континуирано работи на унапредување на системот за управување со отпадот преку поставување на досега 24 000 канти за селекција во домаќинствата, контејнерско организирано собирање на рециклабилен отпад, собирање на посебни текови на отпад во собирно место, едукативни активности со граѓаните и учениците, континуирани активности со медиумите, соработа со Локалната самоуправа и ресорните министерства, како и соработка со овластени компании за рециклирање. Благодарение на овие активности, значително е зголемена количината на селектиран отпад, а сè повеќе домаќинства, бизнис компании и институции активно се вклучуваат во процесот на селекција.

Секој отпад има свое место. – стои во соопштението од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп

Слични Објави