Премиера на документарниот филм „Заробена вистина“ посветен на Крсте Црвенковски
Во Прилеп премиера на документарниот филм „Заробена вистина“ посветен на Крсте Црвенковски
По повод 25 години од смртта на народниот херој и носител на „Партизанска споменица 1941“, Крсте Црвенковски (Прилеп, 16 јули 1921 – Скопје, 21 јули 2001), НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп организира проекција на документарниот филм „Заробена вистина“, посветен на неговиот живот и дело.
Филмот го обработува животниот пат на Црвенковски, истакнувајќи ја неговата политичка и општествена улога, како и неговото дејствување во сложените историски околности во Македонија и поранешна Југославија.
Коавтори на документарецот се режисерот Никола Т. Калајџиски и Аростид Филактов.
Проекцијата ќе се одржи денес, 21 јули 2026 година, со почеток во 18:30 часот, во киното „Мис Стон“ при НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. Влезот е слободен.
Настанот е во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп.


