| | |

ОТВ организира „Мајтап фест“: Споделете ги вашите најсмешни мајтапи!

ОТВ објавува најнова иницијатива – „Мајтап фест“! Со цел да го зачува традиционалниот македонски обичај на мајтапење. Секој може да учествува во овој фестивал со свое видео.

Заследете нѐ на Facebook и први дознавајте за новостите.


Процесот е едноставен: земете го вашиот смартфон, вклучете ја камерата и снимете се како го кажувате вашиот најсмешен мајтап. Потоа, испратете го видеото преку контакт формата на ОТВ. Вашиот мајтап ќе биде објавен на YouTube каналот на ОТВ и на веб сајтот, во секцијата „Мајтап Фест“.

Не е потребно да бидете од Прилеп за да учествувате – доволно е само да сте љубители на мајтапите и да сакате да ги споделите вашите креативни идеи со јавноста.

Приклучете се на „Мајтап Фест“ и помогнете ни да го негуваме нашето наследство на мајтапење во духот на забава и смеа!

Слични Објави