Граѓанско учество во ноември
Во ноември отпочнуваат средбите и муабетите за буџетите на општините. Тој е најважниот дел од економски, правен, финансиски и административен аспект…
Партиципативното буџетирање е можност да учествуваме во одредувањето на приоритетите кои ќе бидат предмет на решавање со Буџетот за идната година.
Во наш интерес е нашето граѓанско учество во него. Ако не учествуваме, тогаш некој друг ќе го стори тоа и, нормално, ќе ги наметни своите приоритети и неговите проблеми. Во партиципативното буџетирање треба смело да се влезе и тогаш кога не се нуди од локалните власти. Тој процес е за граѓаните и тие треба да се изборат за него. Само тие знаат што е најдобро за нив. Ништо во Буџетот не смее да биде без граѓаните. Граѓани па сега е ваше време да ги посетите општините и да се вклучите во расправите, после немој да се жалите, дали некој друг ги ставил своите приоритети пред вашите
Визуелизацијата е дел од проектот „Отворени општини, со отворени податоци“. Целта е придонес кон реафирмацијата на граѓанско учество во процесите на носење одлуки на локално и регионално ниво во Пелагонискиот Плански Регион (ППР). Поддржан од НЕД.