По удар од гром загина маж од Прилепско Мажучиште
Жител на прилепското село Мажучиште вчера доцна попладне трагично го загуби животот по удар од гром, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Настанот се случил во атарот на селото, а случајот бил пријавен во 17:39 часот преку бројот за итни случаи 112.
Според податоците од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, пријавувачот навел дека лицето најверојатно било погодено од гром. Од Секторот за операции и координација на ЦУК веднаш биле информирани МВР и Итната медицинска помош за понатамошна постапка.
Пријавувачот известил дека има починато лице, кое најверојатно било погодено од гром во селото Мажучиште, Општина Прилеп.
„За ова, од Секторот за операции и координација на ЦУК, веднаш биле известени во МВР и во Итната медицинска помош (ИМП) за понатамошна постапка“,
Според последната информација добиена од РЦУК Битола, лицето било погодено од гром, по што е пренесено во Итната медицинска помош во Прилеп, каде што лекарите констатирале смрт.