| | |

Родовата еднаквост – клучен фактор во борбата против насилството врз жени и девојчиња

Одржана панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени во Прилеп

Денеска, во просториите на Здружението СТАНИЦА ПЕТ, се одржа панел-дискусија на тема „Важноста од родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња“, во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Здружението СТАНИЦА ПЕТ.

На дискусијата учествуваа претставници од локалните институции, граѓански организации, активисти и експерти од областа, кои разговараа за родовата еднаквост како суштински предуслов за искоренување на насилството врз жените и девојчињата.

Модераторката на настанот, Христина Здравеска од Здружението СТАНИЦА ПЕТ, го отвори панелот со истакнување на важноста на заедничката соработка во справувањето со овој општествен проблем.

Преку своите излагања, панелистките се осврнаа на клучни аспекти на родовата еднаквост:

  • Уранија Пировска (Хелсиншки комитет за човекови права) – Работнички права на жените
  • Весна Шапкоски (Здружение СТАНИЦА ПЕТ) – Здравје и здравствена заштита за жените од руралните средини
  • Неда Чаловска (независна експертка) – Рурални жени и право на мајчинско отсуство
  • Билјана Дуковска (Македонска платформа против сиромаштија) – Женска сиромаштија
  • Ана Аврамоска Нушкова (Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство) – Специјализирани услуги за жени жртви на родово-базирано насилство

По завршувањето на излагањата, следеше конструктивна дискусија, во која присутните споделија искуства и разменија предлози за подобрување на родовата еднаквост во заедницата.

Организаторите изразија благодарност до сите учесници и потенцираа дека ваквите дискусии се клучни за подигнување на свеста и преземање конкретни чекори во борбата против насилството врз жените.

Настанот беше дел од регионалниот проект „Во одбрана на правото да бидам ЈАС“, финансиран од француското Министерство за надворешни работи и Европа.

Слични Објави