Дел од улицата Никола Карев – Крушево ќе биде затворен за сообраќај
Во тек се работи на промена на главната водоводна мрежа во Крушево која исто така ја поврзува цела хотелска зона.
“Се известуваат граѓаните на Крушево кои живеат на дел од улица Никола Карев на кракот (R1N5K1) ќе се одвиваат градежни работи за промена на водоводна мрежа со куќни приклучоци.
Делот од наведената улица ќе биде затворен за сообраќај до завршување на работите.
АПЕЛИРАМЕ ЗА КРАЈНА ВНИМАТЕЛНОСТ ПРИ ДВИЖЕЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ КОИ ЖИВЕАТ НА ОВАА УЛИЦА И ЗА СОРАБОТКА ПРИ ПРОМЕНА НА КУЌНИТЕ ПРИКЛУЧОЦИ.
Овој дел од главна водоводна мрежа беше видно оштетен, дотраен и доведуваше до големи губитоци на вода и чести дефекти низ годините.
Замената ќе се врши со цевки F 110 / 10 bari во должина од 228.5 м и F 50 / 10 bari во должина 168.0 метри. Очекуваме при нејзина комплетна промена да имаме функционалност и намалување на губитоците најмалку околу 30%.“ Стои во известувањето од општина Крушево
Во тек се големи зафати на промена на главната водоводна мрежа во Крушево која исто така ја поврзува цела хотелска зона, која мрежа беше исто така стара, дотраена, со големи губитоци и имавме огромни загуби.