| |

Граѓански буџет

Граѓански буџет е начин на прикажување на донесениот буџет и треба да ги има следните карактеристики:

– лесен и разбирлив јазик и користење разни форми за визуелизација

– воведен дел, со објаснување на клучните поими (приходи на општината: колку собира годишно, дотации, донации, даноци, капитални приходи, комунални такси; расходи: (расходи по надлежности, расходи по определени програми како ЛЕР, образование, здравство, општинска администрација, економска класификација, како плати, стоки и услуги, договорни услуги, капитални расходи)

– стејкхолдерски пристап (да се разговара со секоја категорија „заинтересирани“ или „засегнати“ граѓани, фирми, НВО и…)

– кратка едукација како може да се следи реализацијата на буџетот, што е тоа транспарентност и отчетност и конкретен преглед на прикажување на ставките „планирано – реализирано“

– процентуално споредбено прикажување, со јасна слика за „раст“, „пад“, „подобрување“ или „уназадување“

– користење јасни и незаводливи методи за презентација како:

1. Проценти (учества во целината),

2. Учество или зачестеност по глава на жител,

3. Дијахрон пристап (споредбено со поранешни години)

4. Генерички пристап (објаснување како и заради што настанал проблем, ситуација, долг и сл. и како одредена буџетска ставка тој проблем го решава или ублажува)

5. Споредбени презентации на ситуации со национален или интернационален тренд

6. Јустификација од трета страна (некој трет, кој не е во општината, да даде мислење за она што ги занима дискутантите)

7. Презентација Како и од кого се донесени некои мерки од порано и каов ефект дале (ако има последица по буџетот)

8. Едукација на општински буџетски портпарол, кој треба да биде обучен и за буџетскиот процес и за граѓанско учество и да има природен талент за презентација и односи со јавноста (изградба на независен имиџ кај граѓаните).

Слични Објави