Започна 4-тиот “Фестивал на жетвата” во Новаци
Синоќа во Новаци се отвори 4-тиот по ред “Фестивал на жетвата” . Со богата музичка програма, програма за најмладите, но и голем број на изложувачи на земјоделска механизација, земјоделски препарати и семиња, локални производи, храна и пијалок, истиот имаше рекордна посетеност до сега.
Фестивалот се одржува на 18 и 19 јули 2025 година, во дворот и околината на манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци.
„Фестивалот на жетвата” продолжува и вечерва.
Програма 19.07.2025
19:00 – Детска претстава „Заги се враќа од Америка“
20:00 – Детска претстава и мјузикл „Пино-кио“
21:00 – Свечено затворање на настанот и доделување благодарници и призна-нија на најуспешни земјоделци од Општина Новаци
21:30 – Наум Петрески
23:00 – Борче Наумовски Министерот, Адријана Ацеска и група TWINS
„Очекувајте убава атмосфера, локална храна и забава за сите генерации. Ве покануваме да бидете дел од оваа вечер полна со традиција, музика и дружење!“ порачуваат од општина Новаци



