Интервју со Маргарита Груевска – претседателка на советот на општина Могила
Во интервјуто со претседателката на советот на општина Могила, Маргарита Груевска, разговараме со какви подзаконски акти, норми и правила да се подобри улогата на советот и да се стекне доверба кај граѓаните. Се поставува прашање дали со награди или казни може да се стимулира работата на советниците во општина и најважно како се раководи со советот на општината? Повеќе за ова тема погледнете во видеото
Во продолжените, научете нешто повеќе за работата на претседателот на советот.
Претседател на советот се бира со гласање по сите предлози на советниците и може да има и повеќе „круга“ гласање, додека не останат само двајца кандидати, од кои победува повеќе гласаниот. Тој ги свикува и раководи со седниците, преку доставување од него потпишано Решение, со предлог-дневен ред до секој советник, ги потпишува сите акти на советот и ги доставува до градоначалникот за објавување. Тој треба да закаже седница и на барање на градоначалникот или на најмалку една четвртина од членовите на советот, најдоцна во рок од 15 дена, а ако тоа не го направи, советниците можат сами да свикаат седница и да си изберат претседавач за таа седница.