НАЈНОВО: 13 приведени по тепачка со дрвја и предмети пред болницата во Прилеп
Денеска напладне пред прилепската Болница избила масовна тепачка меѓу повеќе лица, кои се тепале со дрвени и други предмети.
Полицијата интервенирала на местото, но дел од присутните одбиле да постапат по нивните наредби, по што еден полициски службеник испукал неколку предупредувачки истрели во воздух.
Приведени се 13 лица, против кои ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираше портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова.



