| |

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДДРШКА  НА СПОРТСКИ КЛУБОВИ И СПОРТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА

ОПШТИНА БИТОЛА ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДДРШКА НА СПОРТСКИ КЛУБОВИ И СПОРТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА ВО КОИ ЧЛЕНУВААТ  ДЕЦА ОД РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ 

Предмет на Јавниот повик е финанскиска поддршка на спортски клубови и спортски здруженија на територија на Општина Битола во кои членуваат деца од ранливи категории.

Под поимот деца од ранливи категории се опфатени:

–          Деца со попреченост,

–          Деца од семејства корисници на ГМП.

Спортски клубови и спортски здруженија ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2024 година согласно Програмата за активности во областа на спортот и младите во општина Битола за 2024 година. За оваа активност во програмата има вкупно средства во  износ од 200.000,00 МКД.

Евалуацијата  ќе ја врши Комисија формирана од Градоначалник на Општина Битола која ќе изврши и распределба на средствата во зависност од бројот на пристигнати барања и број на деца кои членуваат во спортските клубови и здруженија.

За одобрените средства на секој клуб или здружение пресметани по дете по месец, ќе биде склучен  договор помеѓу клубот/ здружението и Општина Битола врз чија основа средствата ќе бидат исплатени до крај на 2024 година по претходно донесен извештај за најмалку 50% присуство на детето на тренинзи и активности во тековниот месец. Повикот се однесува за деца кои веќе тренираат во клубот/ здружението односно за деца запишани до денот на објавување на јавниот повик..

Временскиот период за кој овој повик се однесува е Октомври – Декември 2024 година.  

Повеќе информации за повикот се достапни на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/sportski-klubovi-i-zdruzenija/

Слични Објави