Амбасадорот на Црна Гора Зоран Миланиќ во посета на Прилеп

Денес, во Општина Прилеп градоначалникот Борче Јовчески оствари средба со Амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Н.Е. Зоран Миланиќ. Оваа средба беше посветена на зајакнување на билатералните односи и истражување на потенцијалите што ги нуди Општина Прилеп.

Во рамките на разговорите, акцентот беше ставен на можностите за идно партнерство, со особено внимание на економските придобивки што може да произлезат од заедничката соработка и размена на искуства. Двете страни изразија уверување дека продлабочувањето на односите ќе придонесе за економскиот и културен развој на општината, отворајќи нови можности за нејзините граѓани.

Општина Прилеп останува посветена на изградба на мостови на соработка и создавање нови перспективи, со цел да обезбеди благосостојба за сите жители.

Слични Објави