| |

Ги има но дали некој „ги видел“

Најпосветените „општинари“ најдобро знаат дека соработката е „алфа и омега“ на развојот и  дека отворените општински податоци се „гориво“ за јавното учество. Така е полесно и за општината и за граѓаните, но политиката тоа (засега) не го гледа и не го поврзува со сопствениот рејтинг. Грешка, нели?

Младите, ново вработените кадри треба да го фатат тој сигнал на „слуги на народот“ и да се одалечат од идеологиите дека се тие господари на истиот тој народ од кој потекнуваат.

Сепак за тоа треба едукација, која УКЛО треба, односно мора да ја развие, затоа што нема кој друг, а граѓанските организации да бидат корисници, организатори и пренесувачи на таквите обуки, кои ќе бидат наши, адресирани и приспособени на потребите на нашата администрација.

Среќа што постојат вакви млади „општинари“ кои тоа го разбираат. Тоа се носители на новата идеологија, која може да направи разлика со сегашната депресивна ситуација, каде не се знае „кој пие, а кој плаќа“.

Слични Објави