| |

Насила никому неможеш да дадеш

УКЛО веќе започнал со „будење на џинот“и тоа на многу начини, но најбитно е тоа дека тоа го правеле заедно со општините.

Најпрво, тие го отвораат универзитетот за соработка. Потпишани се многу договори за соработка и „про боно“ активирање на УКЛО во неколку видови стратешко планирање на општините, како и давање стручни мислења во многу области.

Исто така УКЛО постојано дава поддршка на многу проекти и за НВО – ите и за општините и тоа почнувајќи од сообраќајот, па до ИТ поддршката на работењето на општините, но помошта не е лесно да се даде, таму каде нема интерес и посветеност. Тогаш општините остануваат на истото ниво.

Среќа, тоа се менува и се помалку имаме ситуација каде општините мислат дека „се започнува со новата владеачка гарнитура“. Едукацијата е „акумулација“ и потребни е да ги консултираме и претходните обуки и експертизи и соработка. Само така капацитетот на општините ќе се подобри.

Слични Објави