Доделени благодарници на доброволните противпожарни од „Архангел“ од Битола и „Маркови Кули“ од Прилеп
Денес, градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески им доделени благодарници на членовите на доброволните противпожарни друштва „Архангел“ од Битола и „Маркови Кули“ од Прилеп, кои минатата година со својата несебична пожртвуваност учествуваа во гасењето на големиот пожар во областа Мариово.
Овие храбри момци, кои ја демонстрираа својата посветеност и храброст во моменти на криза, добија заслужено признание за нивниот огромен придонес.
На средбата беше потпишан меморандум за соработка, со кој се зацврстува заедничката мисија за заштита на животната средина и безбедноста на граѓаните. Покрај тоа, произлезе иницијатива за доекипирање на овие здруженија и проширување на соработката на ниво на целиот пелагониски регион.
„Ова е само почеток на нашата заедничка работа за подобрување на безбедносните механизми во регионот. Голема благодарност до сите кои секојдневно се залагаат за доброто на заедницата,“ изјави градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески.
Со оваа иницијатива, се отвора ново поглавје за зајакнување на капацитетите на доброволните друштва и создавање на посигурна иднина за сите нас.