| | |

Mеѓународна недела на сестринството

Во пресрет на интернационалната недела на сестринството, а за реализација на зацртаниот план – континуирана медицинска едукација, здружението на медицински сестри и техничари, акушерки и стоматолошки сестри ЗМСТАС “ЗА НАС” организира бројни едукативни настани.

Имено по тој повод на 6 мај 2025 година (вторник) со почеток во 11 часот, во центарот на Прилеп (место: плоштад Камена бина), ќе се одржи настан во организација на Службата за итна медицинска помош при Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ – Прилеп, а во соработка со Здружението на медицински сестри и техничари , акушерки и стоматолошки сестри „За Нас“, ОВР Прилеп и ТППЕ Прилеп.


Настанот вклучува:
• Симулација на импровизирана сообраќајна несреќа (велосипед и моторно возило – мопед)
• Предавање на тема BLS (Basic Life Support) и ILS (Immediately Life support) од страна на Д-р Андреј Ристески.
• Предавање за правилно користење на ПП Апарат и симулациска вежба – гаснење на пожар од страна на претставниците на територијална противпожарна единица ТППЕ Прилеп.
• Во симулацијата ќе учествуваат ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, здравствена струка – медицинска сестра/техничар кои се членови на здравствено-едукативната секција „Здравје без граници“, под менторство на стручните наставници Наташа Ванчева и Ленче Јованоска.
————————
„Ве покануваме да присуствувате и да земете активно учество на оваа важна едукативна активност посветена на здравствената едукација и безбедноста во сообраќајот“ стои во соопштението од органиаторите.

Слични Објави