Поддршка, совети и подароци за нови родители – за првпат ваков настан во Прилеп

На 10 мај 2026 година, во Прилеп за првпат ќе се одржи настан посветен целосно на новите родители и оние кои допрва влегуваат во најважната животна улога.

Станува збор за комбиниран бесплатен базар, едукативен настан и промоција на детска книга, кој ќе се одржи во просториите на The Point – На тениски.

📅 Датум: 10.05.2026
📍 Локација: The Point – На тениски, Прилеп
(ул. Цане Кузманоски 96)
🎟️ Влез:

  • Бесплатен за базарот
  • 500 денари за едукативниот дел

👨‍👩‍👧 Настан со вистинска поддршка за родителите

Настанот е наменет за нови родители и родители на деца до 3-годишна возраст, со цел да понуди реални информации, стручни совети и практична поддршка во периодот пред и по породувањето.

Програмата вклучува предавања од докажани стручни лица, кои ќе споделат искуства и знаења за теми што најмногу ги засегаат родителите – од доење и развој, до психолошка поддршка.


🎯 Што ќе понуди настанот?

Посетителите ќе имаат можност да добијат:

✔️ пријатна и поддржувачка атмосфера
✔️ бесплатен базар со учество на локални бизниси
✔️ практични совети од стручни лица
✔️ одговори на реални родителски дилеми
✔️ поддршка и заедница во клучен период
✔️ промоција на детска книга и можност за купување со потпис од авторката
✔️ дружење и нови контакти
✔️ професионални фотографии од настанот
🎁 специјално подготвени подароци за посетителите


⚠️ Ограничен број на места

Организаторите информираат дека бројот на места за едукативниот дел е ограничен, а пријавувањето се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“.

🎟️ Базарот останува бесплатен и отворен за сите посетители, па се охрабруваат граѓаните да дојдат заедно со своите најблиски.

Слични Објави